Tip:
Highlight text to annotate it
X
ХРАБРО СРЦЕ
Шкотска, 1280 г. н.е.
Ќе ви раскажам,
за Вилијам Волис.
Англиските историчари
би ме нарекле лажго,
но историјата е пишувана
од оние кои ги бесeле хероите.
Кралот на Шкотска умре,
без да остави син,
а кралот на Англија,
суров паган,
наречен Едвард Долгоногиот,
го презеде шкотскиот престол
за себе.
Шкотските благородници
се бореа со него,
а се бореа и меѓусебе
за круната.
Затоа Долгоногиот ги покани
на преговори за примирје -
без оружје,
само на чисто.
Меѓу тамошните фармери беше и Малком Волис,
работник со своја земја.
Тој имаше два сина-
Џон и Вилијам.
Ти кажав да останеш!
Пааа, завршив
со работата .
Каде одиме?
Кај Мекандрус.
Требаше да дојде после средбата.
Може ли и јас да дојдам?
- Не, враќај се дома!
Ама сакам да одам.
Поаѓај дома, или ќе ја
почувствуваш тежината на мојата рака!
Aјде, Вилијам.
Мекандрус!
Мекандрус!
Исусе!
Во ред е!
Вилијам!
Вилијам, во ред е.
Во ред е, полека, момче.
Вилијам.
Јас велам да се бориме!
Не можеме да војуваме со нив!
Тоа е самоубиство!
Волис е во право!
Ќе се бориме со нив!
Сите благородници што сакаа да се борат,
беа на тој состанок!
Не можемe да победиме
цела армија.
Не со 50 фармери!
Не мора да ги поразиме,важно е
само да се бориме со нив.
Кој е со мене?
Јас сум, Волис.
Добро, добро.
Така треба.
А ти кај си пошол?
Доаѓам со тебе.
Аха, доаѓаш со мене,
значи?
А што ќе правиш?
Ќе помагам.
Од голема помош
би бил ти,
но ми треба да останеш тука
и да се грижиш за местово,
додека ме нема.
Можам јас да се борам!
Знам.
Знам дека можеш.
Но разумот е тоа
што не прави мажи.
Се гледаме утре.
Англичани!
Наведни се.
Сега кога татко ти и брат ти
ги нема,
ќе не убијат и
ќе ја запалат фармата.
Од нас зависи, Хамиш.
Тато?
Тато?
Вилијам!
Дојди ваму, момче.
Вилијам...
Јас сум чичко ти, Аргаил.
Го имаш погледот на мајка ти.
Ќе останеме вечерва тука,
а изутрина
тргнуваш со мене дома.
Но јас не сакам да заминам.
Не сакаше ниту татко ти
да умре, нели?
Но се случи.
Дали свештеникот прочита
молитва?
"Бог да те благослови
и да те чува..."?
Беше на латински.
Не зборуваш латински?
Е, тоа е нешто што
ќе мора да го исправиме, нели?
Бог да те благослови
и да те чува.
Да те просветли со
својата светлина.
Бог да те заштити
и да ти даде спокој.
Амин.
Твоето срце е слободно.
Имај храброст
да го следиш.
Што прават?
Се збогуваат
на свој начин.
Свират забранети мелодии
на забранети гајди.
Исто ни беше и на мене
и на татко ти,
кога нашиот татко
беше убиен.
Прво, научи се да
го користиш ...ова.
А потоа, ќе те научам
да го користиш ...ова.
Лондон
Многу години подоцна,
Едвард Долгоногиот -
кралот на Англија,
ја надгледуваше свадбата
на својот најстар син,
кој би го
наследил престолот.
Амин.
Како невеста за син му,
Долгоногиот ја избра
ќерката на својот соперник,
кралот на Франција.
Се ширеа озборувања, дека за да
зачне принцезата наследник,
Долгоногиот морал
да се погрижи лично.
А може и тоа е она што
му било на ум цело време.
Шкотска... моја земја.
Французите, би ползеле пред
секого што е силен,
но како ќе поверуваат
во нашата сила,
кога не можеме
да владееме со еден наш остров?!
Каде е син ми?
Простете, господару.
Ме замоли да дојдам
наместо него.
Јас праќам луѓе по него,
а тој те праќа тебе.
Да заминам ли, господару?
Ако тој сака кралицата да владее
кога мене ќе ме нема,
тогаш остани и учи како.
Молам.
Благородниците...
...благородниците се клучот
од вратата на Шкотска.
Дај им на нашите благородници
земја на север,
дај им на нивните, земја
тука во Англија.
И направи ги премногу алчни,
за да ни се спротивстават.
Но, сeр, нашите благородници
нема да сакаат.
Нови земји значат
нови даноци,
а тие веќе плаќаат даноци
заради војната со Франција.
Навистина?
Проблемот со Шкотска е тоа,
што е полна со Шкоти.
Можеби е време
да вратиме еден стар обичај.
Воведете го "прима нокте"
(прва брачна ноќ)
Прва ноќ.
Ако било која девојка
од тие краеви се мажи,
нашите благородници
ќе имаат сексуални права над неа
на првата брачна ноќ.
Штом не можеме да ги истераме,
ќе ги претопиме.
Тоа би ни дало баш такви лордови
какви што ни треба за Шкотска.
Со даноци или
без даноци.
Одлична идеја, сер.
Навистина?
Единбург
Во Единбург се собра совет
на шкотските благородници.
Меѓу нив беше Роберт,
17-от Брус,
главен претендент
за шкотската круна.
Слушнав дека Долгониогиот
ја вовел "прва ноќ".
Јасно, за да си спечали
повеќе поддржувачи тука.
Татко ми мисли,
дека треба
да му влееме доверба,
,а да заземеме неутрална
позиција.
Мудар план.
А како е татко ти?
Ни недостигаше во советот.
Работата во Франција го задржа
повеќе одошто требаше.
Но, ви праќа поздрави
и вели да кажам
во име на целиот Брусов клан
и во име на Шкотска.
Ти испадна каменот.
Тест на машкоста.
Ти победуваш.
Наречи го тест на воинственост
тогаш.
Англичаните не ни дозволуваат
да тренираме со оружје,
па затоа тренираме
со камења.
Тестот на војникот не е
во неговата рака.
Овде е.
Не, тука е!
Хамиш?
Еве, синко.
Покажи му што знаеш.
Напред, Хамиш!
Моето момче!
Добро фрлање.
Да, да.
Се прашував дали би можел да го направиш тоа,
кога би било потребно?
Како... како на пример во битка.
Можеш ли да смачкаш човек
со такво фрлање?
Би можел да те смачкам тебе...
како црв!
Би можел?
Да.
Тогаш да го направиме тоа.
Сакате ли да видите како
ме смачкува како црв?
Тогаш стори го тоа.
Ќе се помрднеш.
Не, нема.
Добро.
Ќе се помрдне.
Ајде, Хамиш.
Напред, момче!
Браво!
Прекрасно, млад Волис!
Дали си добро?
Изгледаш малку потресен.
Требаше да ми текне
на тоа со камењата.
Да, требаше.
Станувај, дебелко!
Мило ми е
што те гледам пак.
Добредојде дома.
Главата!
Требаше да се помрднеш.
Вилијам...
ќе играш ли со мене?
Се разбира.
Дојдов да си го исполнам
правото на "прва ноќ".
Како лорд на овие земји,
ќе го благословам овој брак,
земајќи ја невестата
во мојот кревет,
на првата ноќ од нивното
обединување.
Е, сигурно нема!
Тоа е мое право,
како на благородник.
Добровечер, господине.
А, младиот Волис.
Убава, мокра ноќ, а?
Да, така е.
Се прашував дали може да поразговарам
со ќерка ви?
За што сакаш да поразговараш
со неа?
Па, јас...
Мурон, би сакала ли да појаваш со мене
во оваа прекрасна вечер?
На сред ова? Ти не си нормален!
Убаво шкотско време,
мајко!
Дождот паѓа
право надолу.
А и малку криво.
Не може да дојде
со тебе.
Не?
Барем не сега.
Барем не сега.
Не сега?
- Се гледаме подоцна.
Но времето е баш супер,
скоро не ни врне.
Не ме слушна што кажав?
Мурон, слегувај...
На тебе се угледува.
Како ме препозна
после толку време?
Па, не те препознав.
Не?
Само те видов како зјапаш во мене,
а не знаев кој си.
Извини, изгледа
сум зјапал.
Дали имаш навика да јаваш по дожд
со непознати?
Тоа беше најдобриот начин
да те натерам да си одиш.
Епа, ако соберам храброст
да те поканам пак,
ќе напишам писмено предупредување
првин.
Нема да помогне многу.
Не знам да читам.
Не знаеш?
- Не.
Е, тоа е нешто што
ќе мора да го исправиме, нели?
Ќе ме учиш да читам, тогаш?
Па, ако сакаш.
- Добро.
На кој јазик?
Е сега се фалиш.
Точно.
Импресионирана си?
Не. Зошто би била?
Да.
Зошто секој ден
јас мислам на тебе...
Зошто не застанеш на глава,
па да ме импресионираш.
Пенисот ќе ми висне,
па ќе се сопнам.
Боже, на такви манири ли се научи
на твоите патувања?
Французите и Римјаните имаат
далеку полоши манири од моите.
Си бил во Рим?
Да. Вујко ми ме однесе
на аџилак.
Како беше?
Ниту приближно убаво
како тебе.
Што значи тоа?
Убаво.
Но, јас припаѓам тука.
Мурон, веднаш влези!
Господине, знам, дека беше некултурно од мене
да ја поканам Мурон да јава со мене вчера,
но ве уверувам...
Ќерката на Мекланокс
е друга работа.
Дојдовме да те собереме
на состанок.
Каков состанок?
Таен состанок.
Вашите состаноци се губење
на време Кемпбел.
Татко ти беше борец
и патриот.
Знам кој беше татко ми.
Се вратив дома, за да
одгледувам жито
и ако даде господ, семејство.
Тоа е возможно,
ако живеам во мир.
Да одиме.
Значи не сакаш неволји?
Ако го докажеш тоа, можеш да се
додворуваш на ќерка ми.
Дотогаш, мојот одговор е "не".
Не?
Не, Волис, не!
Нели штотуку докажав?
Не!
Не?
- Не!
Секако, водењето фарма
бара многу работа,
но се ќе се промени,
кога моите синови ќе пристигнат.
Значи, имаш деца?
Уште не, но се надевав дека ти
ќе ми помогнеш во врска со тоа.
Значи сакаш да се
омажам за тебе?
Тоа е малку ненадејно, но да.
Дали ти тоа ме запросуваш?
Те сакам.
Отсекогаш сум те сакал.
Сакам да се оженам со тебе.
Дали ова значи "да"?
Да, ова значи "да".
- Навистина?
Подобро да побрзаме.
Тој чека.
Еј, чекај.
Каде одиш?
Што е тоа?
Ќе видиш.
Оче.
Ќе те сакам цел живот,
тебе и ниедна друга.
И јас тебе.
Тебе и никој друг, засекогаш.
Кога ќе те видам пак?
Вечерва?
Не можам.
Зошто не?
Татко ми ќе почне
да се сомнева.
Да се сомнева?
А што сум јас крив?
Кога?
Кога?
- Вечерва.
Вечерва?
- Да.
Гледај внимателно,
нареднику!
Кај одиш, девојко?
Тоа изгледа тешко.
Дај да ти помогнам.
Не, нема потреба.
- Нема да ти го украдам.
Ооо, ме потсетуваш на
ќерка, дома.
Здраво, девојко.
Ајде веќе, Смит.
Кучка!
Ти кучко!
Добро си?
Добро сум.
Добро си?
- Да.
Добро си?
Можеш да јаваш?
- Да.
Врати се, копиле!
Дај тревога!Помош!
Чекај ме во гората!
Јавај!
Бегаат!
Поминете одзади!
Фатете го!
Мурон?
Мурон!
Сите вие добро знаете,
на каква мака се ставав
себеси,
да не бидам премногу строг,
во спроведување на нашите закони.
И како последица од тоа,
зарем не научивме
да живееме заедно,
во релативен мир
и хармонија, а?
И со овие денови на непослушност
ли ми враќате за мојата милост.
Па, не ми оставате
многу избор.
Напад врз кралските
војници,
е исто што и напад
врз самиот крал!
Сега...
...нека дојде тој клошар
кај мене.
Таму.
Копларе!
Постави стрелци на кулата,
веднаш!
Не мрдај, татко.
Бегај, момче!
Татко, како си?
Меколих (шкотски предци).
Меколих.
Меколих!
Меколих!
Волис! Волис!
Што чекаш, момче?
Еве, ти го можеш тоа.
Јас ќе го држам.
Еве.Ти го можеш тоа.
Јас ќе го држам.
Право в раната.
Само трошите добро виски.
Дајте да го испијам.
Држете го! Држете го!
Држете.
Сега пуштете го.
Извини, извини.
Тоа ќе те разбуди
изутрина, момче.
Доаѓа некој!
Вооружете се!
Доаѓа некој.
Мекгрегори, од соседниот
клан.
Слушнавме што се случило.
Немој да мислите дека ќе ја почнете
забавата без нас!
Одете си дома.
Некои од нас се вмешани.
Не можете да помогнете
веќе.
Но можете да си
помогнете себеси.
Одете си дома.
Нема да имаме
никакви домови,
штом ќе дојде кралскиот
гарнизон и ги запали.
А ќе ги запалат.
Добредојдовте!
Патролата се враќа,
милорде!
Какви вести носите?
Испратив 100 војници
во Ланарк.
Ќе се вратат скоро.
Вака ли беа
облечени?
Всушност беа околу 50.
Биди брз.
Се сеќаваш на мене?
Не и направив ништо
лошо.
Беше мое право.
Твое право?
А јас сум тука да го исполнам
правото на сопруг!
Јас сум Вилијам Волис.
A останатите ќе бидете поштедени.
Вратете се во Англија
и кажете им таму,
дека шкотските ќерки и синови
не се ваши повеќе!
Кажете им Шкотска
е слободна!
Изгорете го.
Шкотски бунтовници уништиле
еден од моите гарнизони
и го убиле тамошниот лорд.
Слушнав.
Тој Волис е само разбојник,
ништо повеќе.
А како ти би се справил
со еден ваков разбојник?
Како со било кој обичен
крадец.
Нека го уапси
локалниот судија
и нека го казни
законски.
Оставете не.
Волис веќе го убил
судијата
и земал контрола
над градот.
Станувај! Станувај!
Наутро,
заминувам за Франција,
да ги наложам нашите права таму
и те оставам тебе
да го загушиш овој мал бунт.
Дали е јасно, дали?
Еден ден ќе бидеш крал.
Барем потруди се да се однесуваш
како таков.
Бегај од мене!
Свикај го воениот совет!
Се надевам дека вашиот сопруг
ќе замине во Шкотска
и ќе се сретне со Волис...
и тогаш вие ќе станете вдовица.
Таму!
По нив!
Нема смисла да
давате отпор.
Малубројни сте
и во стапица.
Каде сe останатите?
Каде е Волис?
Татко?
Влези, влези.
Започнал бунт.
Воден од кого?
Обичен човек.
Вилијам Волис.
Ќе го прегрнеш овој бунт,
ќе го поддржиш со земјите од север.
Јас ќе добијам англиска
поддршка
со тоа што ќе го осудам
и ќе наредам отпор,
од нашите земји на југ.
Седни... остани малку.
Тој Волис...
...тој дури нема ни
витешка титула,
но се бори со страст
и инспирира други.
И ти сакаш да влезеш во oтворена борба
како него, нели?
И јас би сакал.
Па, можеби е време.
Време е...
за преживување.
Ти си 17-от Роберт Брус.
16-те пред тебе ти оставија
земја и титула,
бидејќи не се мешаа.
Свикај совет со благородниците.
Тие не прават ништо,
само зборуваат.
Фала богу!
Има богати благородници
со поседи и титули во Англија,
исто како и во Шкотска...
Точно како нас.
Ти му се восхитуваш на овој човек,
на овој Вилијам Волис.
Безкомпромисните мажи
лесно предизвикуваат восхит.
Тој има храброст.
Па и едно куче има.
Но баш неспособноста
за компромис,
е тоа што го прави неблагороден.
И сфати го ова...
Едвард Долгоногиот
е најсуровиот крал,
кој некогаш седел
на англискиот престол.
И никој од нас,
и ништо од Шкотска
нема да остане,
освен ако ние останеме несурови.
Ислушај ги благородниците.
Познавањето на нивните умови,
е клучот до престолот.
Чекај!
Види.
Ова десно,
ова лево.
Продолжете.
Продолжете!
Кога кралот ќе се врати,
ќе ги погребе во таа нова облека.
Шкотска е во хаос.
Вашиот сопруг тајно
праќа војска на север.
Како знаеш?
Минатата ноќ легнав
со член на Воениот совет.
Тој не би требалo да ти кажува
такви тајни во кревет!
Ах, да.
Англичаните не знаат
за што служи јазикот.
Toj шкотски бунтовник, Волис...
тој се бори за да
одмазди некоја жена?
За малку ќе заборавев!
Едeн магистрат
сакал да го фати
и открил, дека тој
има тајна љубовница.
Па и го пресекол вратот,
за да го натера Волис
да се бори...
...и тој се борел.
Знаејќи за неговата болка
по изгубената љубов,
започнале да коваат план
за да го фатат,
со тоа што ги искршиле гробовите
на татко му и брат му,
и поставиле заседа на гробот
на неговата љубена.
Тој се извлекол
од заседата со борба
и го однел нејзиното тело
на тајно место.
Е, тоа ти се вика љубов,
нели?
Љубов?
Како јас би знаела.
Знаете...
Кога-тогаш Долгоногиот
ќе ја испрати
целата своја северна војска
по нас.
Тешка коњаница,
многу коњови...
...земјата ќе се тресе.
Ќе не прегазат.
Порано, чичко Аргаил
зборуваше за ова,
дека ниедна армија не поминала
преку тешка коњаница.
И што ќе правиме?
Удри, бегај, криј се,
на планинскиот начин.
Ќе направиме копја.
Стотици од нив.
Долги копја,
двапати подолги од човек.
Толку долги?
Некои луѓе се подолги од
други.
Мајка ти да не ти раскажувала
приказни за мене пак, а?
Доброволци доаѓаат.
Вилијам Волис,
дојдовме да се бориме
и да умреме за тебе.
Стани човеку!
Јас не сум папата.
Се викам Фодрен.
Мојот меч е твој.
Ти го донесов ова.
Ги претресовме за оружје.
Ти го донесов ова.
Жена ми го направи
за тебе.
Благодарам.
Овој? Ова не може да биде
Вилијам Волис.
Јас сум поубав од човеков.
Добро, Татко.
Ќе го прашам.
Ако си го ризикувам вратот
за тебе,
дали ќе добијам шанса да
убивам Англичани?
Дали татко ти е дух,
или ти тоа зборуваш со
Семоќниот?
За да најде рамен на себеси,
Ирецот е принуден да разговара со Бога.
Да, Татко. Семоќниот вели:
"Не ја менувај темата
само одговори на
ебаното прашање".
Внимавај на јазикот!
Луд Ирец!
Доволно паметен, за да пренесе нож
покрај стражата, старецу.
Тој е мој пријател, Ирецу.
А одговорот на твоето
прашање е "да".
Ако се бориш за мене,
ќе можеш да убиваш Англичани.
Одлично!
Стивен е моето име.
Јас сум најбараниот човек
на мојот остров,
само што сега,
не сум на мојот остров...
...што, се разбира,
е тажно.
Твојот остров?
Мислиш Ирска?
Да, моја е.
Ти си луд човек.
Значи сум дошол
на вистинското место.
Гледаш дека Семоќниот ме прати,
да ти го чувам грбот?
И онака не ми се допаѓаше.
Не беше токму,
во главата.
Вилијам!
Нашите вестоносци!
Англичаните напредуваат
со армија накај Стирлинг.
А благородниците?
Роберт Брус и повеќето
од нив
нема да влезат во борба.
Но вестта се рашири
и планинците се симнуваат
своеволно.
И тоа стотици и илјадници!
Дали сте подготвени за
војна?!
Стирлинг
Какви се вестите?
Малубројни сме,
најмалку 3:1.
Колку коњови имаат?
300. Може и повеќе.
300, тешки коњо...?
Барем да се обидеме да
преговараме.
Кој командува?
Имаше ли црвена наметка?
Да, имаше.
Сеуште можеме да
преговараме.
За што зборуваат?
Не можам да чујам,
но не ми изгледа добро.
Благородниците ќе
преговараат.
Ќе направат договор,
и ќе си одиме дома.
Ако не - ќе се бориме.
300 такви коњи ... немаме шанса
против нив.
Толку многу!
Не дојдов тука да се борам,
за да може тие да зграбат
уште земја.
После ќе мора
и да ја работам.
Ниту пак јас.
Во ред, момчиња!Нема да умирам
за овие копилиња!
Да си одиме дома!
Стојте луѓе! Не заминувајте!
Почекајте додека не
преговараме!
Вилијам Волис!
Не е можно.
Не е висок.
Семоќниот вели, ова мора
да е модерна битка.
Се собрале најфините луѓе!
Каде е твојот поздрав?!
Затоа што се појавивте
на ова бојно поле,
ви искажувам благодарност.
Ова е наша армија.
За да и се придружиш,
оддај почит.
Јас оддавам почит кон
Шкотска.
И ако ова е ваша војска...
...зошто си оди?
Не сме дошле тука да се
бориме за нив!
Дома! Англичаните се
премногу.
Синови на Шкотска...
Јас сум Вилијам Волис.
Вилијам Волис е висок
2 метра.
Да, слушнав.
Убил стотици луѓе,
и ако тој беше тука,
ќе ги голтнеше Англичаните
со огнени топки
од очите
и со молњи од задникот.
Јас сум Вилијам Волис!
И гледам цела армија
на мои сонародници,
тука, соочувајќи се
со тиранијата.
Вие дојдовте да се борите
како слободни луѓе.
И слободни луѓе сте!
Што би правеле
без слобода?
Ќе се борите ли?
Не! Не!
Да се бориме?
Против нив?!
Не! Ќе бегаме и ќе
живееме.
Да.
Борете се... и може
ќе умрете.
Бегајте... и ќе живеете...
...барем извесно време.
И умирајќи в постела,
после многу години,
дали би сакале
да ги замените,
сите денови од овој ден
до тој,
за една шанса,
за само една шанса,
да се вратите тука и да им кажете
на нашите непријатели,
дека може да ни ги одземат
животите,
но никогаш нема да ни ја
одземат слободата!
Алба гу бра
(Шкотска засекогаш)!
Мене ми изгледаат многу
оптимистични.
Можеби навистина
сакаат да се борат.
Соочувањето со нив може да е
неизбежно, милорде,
но без оглед на тоа,
мислам, дека треба да им ги
соопштиме условите на кралот.
Условите на кралот?
Никогаш нема да ги прифатат.
Милорде, јас мислам...
Добро де, понудете им ги
условите.
Доаѓаат. Да ги
пресретнеме ли?
Пуштете јас да зборувам. Договорено?
- Договорено.
Добар говор.
Сега што ќе правиме?
Само бидете свои.
А каде одиш ти?
Одам да започнам битка.
Па, не се облекувавме
за џабе!
Морне, Локлан, Крег.
Еве ги условите на кралот:
Повлечете ја оваа армија
од полето,
и тој ќе ви даде, на секого од вас,
поседи во Јоркшир,
вклучувајќи следбеничка
титула,
за кои вие ќе плаќате...
...за кои вие ќе му плаќате
годишен данок...
Имам понуда за вас.
Черлтон, ова е Вилијам
Волис.
...за кои ќе му плаќате на кралот
годишен данок...
Кажав дека имам
понуда за вас.
Не го почитуваш
начинот за примирје!
Од неговиот крал?
Апсолутно.
Еве ги условите на
Шкотска:
Спуштете си ги знамињата
и марширајте право назад, во Англија,
и застанете пред секој дом што ќе поминете
,да барате прошка
за стоте години крадење,
силување и убивање.
Сторете го тоа,
и вашите луѓе ќе живеат.
Одбијте и секој од вас
ќе умре денес.
Вие сте премалку.
Немате тешка коњаница.
Веќе два века, ниту една
армија не победила така...
Не завршив!
Пред да ви дозволиме
да си заминете,
вашиот командант мора да го
помине она поле, пред оваа армија, да се претстави себеси
да си ја стави главата
меѓу нозете
и да си го бакне
задникот.
Би кажал, тоа беше малку погрубо
одошто е навикнат.
Бидете подготвени и правете
точно како што ќе ви кажам .
На мој сигнал,
заобиколете ја нашата позиција
и опколете ги.
Не смееме да си ги делиме
силите.
Сторете го тоа. И оставете
Англичаните да ве забележат.
Ќе помислат дека бегаме.
Скинете им ги стрелците.
Ќе се најдеме во средината.
Добро.
Ајде!
Безобразно копиле!
Го сакам срцето на Волис
на чинија.
Стрелци!
Стрелци, напред!
Копилиња!
Пуштај!
Господ ми кажува дека ќе ме
извлече мене од овој неред,
но е доста сигурен
дека ти си заебан.
Подготвени!
Стрелај!
Јавајте!
Гледаш? Секој Шкот со коњ,
бега.
Нашата коњаница ќе ги прегази
како трева.
Прати ја коњаницата.
Полн напад.
Подготвени!
Стој!
Стој!
Стој!
Стој!
Сега!
Прати ја пешадијата.
Милорде...
- Ти ги води!
Повлекување!
Копиле!
Добро!
Волис! Волис!
Ве прогласувам за витез,
сер Вилијам Волис!
Сер Вилијам,
во името на Бога,
те прогласувам за чувар и
висок заштитник на Шкотска,
а твоите капетани,
за верни помошници.
Стани и биди признат!
Дали некој ја познава
неговата политика?
Не, но неговата блискост со народот
може да порази се.
Кланот Бедиул ќе му го
лиже задникот,
што значи дека и ние мораме.
Сер Вилијам!
Сер Вилијам...
Со оглед на тоа што ти
и твоите капетани
потекнувате од област, која веќе долго време
го поддржува кланот Бедиул,
можеме ли да ве поканиме
да ја продолжите вашата поддршка
кон нашите претенденти за тронот?
Тој проклет Бедиул клан!
Сите тие се луѓе
на Долгоногиот!
Господа!
Господа!
Сега е времето
да се прогласи крал.
Дали вие сте подготвени да го признаете
нашиот легитимен наследник?
Вие сте тие кои не го признавате
праведниот наследник...
Тоа се лаги кога...
О, не. Ова е вистината.
Настојувам признавање на
овие документи!
Овие документи се незаконски!
Ти си ги напишал!
Господа, ве молам!
Ве молам, господа!
Сер Вилијам, каде одите?
Ги победивме Англичаните,
но тие ќе се вратат,
бидејќи вие не се
држите заедно.
Што ќе правиш?
Ќе ја нападнам Англија
и ќе ги поразам Англичаните
на сопствена земја.
Поразиш?
Тоа е невозможно.
Зошто?
Зошто е невозможно?
Вие сте толку преокупирани
со собирање на трошките
од масата на Долгоногиот,
што го заборавате правото дадено од Бога,
за нешто подобро.
Има разлика меѓу нас.
Вие мислите,
дека народот во оваа земја
постои да ви овозможи
поседи.
Јас мислам дека
вашите поседи постојат
да му овозможат на тој народ
слобода.
А јас ќе се погрижам
да ја добијат.
Почекајте!
Го почитувам тоа
што го рече,
но сети се дека овие луѓе имаат
имоти и замоци.
Премногу за да се ризикува.
А, обичниот човек
кој крвари на бојното поле,
дали помалку ризикува?
Не, но во целост,
оваа земја
нема чувство за
самоопределеност.
Благородниците се во сојуз
со Англија.
Клановите војуваат еден со друг.
Да.
Ако си создадеш непријатели
од двете страни на границата,
завршуваш мртов.
- Сите завршуваме мртви.
Прашањето е како и кога.
Јас не сум кукавица. Го сакам
истото што и ти,
но потребни ни се
благородниците.
Потребни ни се?
- Да.
Благородници.
Тогаш кажи ми, што значи тоа
да си благороден?
Титулата ти дава право
да седнеш на престолот,
ама луѓе не следат титули.
Тие следат храброст.
Сега, луѓето те знаат.
Обични или благородни,
те почитуваат.
И само кога ти би сакал
да ги водиш до слобода,
тие би те следеле.
А исто и јас.
Проклетство!
Будалата, братучед ми,
принцот,
вели дека немал трупи
да ни испрати,
а секој град во Северна Англија
моли за помош.
Доаѓаат!
Кон кој град?
- Наваму, милорде.
Внесете ја храната и залихите
внатре!
Удвоете ја стражата,
запечатете ја портата! Веднаш!
Приберете ги залихите!
Сер, можам да ве извлечам одовде
ако тргнете веднаш.
Немам намера да му кажам
на чичко ми,
дека сум го изгубил
најголемиот град во Северна Англија.
Ајде!
Направете пат за кралот!
Не е твоја вина.
Спротивстави му се!
Ќе му се спротивставам
и тоа како!
Какви вести има од север?
Ништо ново, ваше Височество.
Испратив јавачи да ви ја соопштат вестта.
Јас слушнав вест во Франција,
каде што се борев да го проширам
твоето идно кралство.
Вестта, синко мој,
е дека целата наша северна армија
е уништена,
а ти не си направил ништо.
Јас... наредив мобилизација,
подготвени се да заминат.
Извинете, сер, но има многу
итна порака од Јорк.
Пријди.
Оставете не!
Благодарам, сер.
Во... Волис го завзел Јорк.
Што?
Волис го завзел Јорк.
Сер...
...вашиот внук.
Каков ѕвер би можел
да стори такво нешто?
Ако можел да го завзеде
Јорк...
...може да ja нападне
цела Англија!
Ќе го спречиме!
Која е оваа личност што ми се обраќа
како да ми е потребен неговиот совет?
Го назначив Филип, за мој
врховен советник.
Дали е квалифициран?
Вешт сум во воените уметности
и воените тактики, сер.
Навистина?
Тогаш кажи ми, каков совет
би ми понудил ти
за сегашната...
ситуација?
Ќе понудам примирје...
и ќе го поткупам.
Но кој ќе оди кај него?
Не јас.
Ако паднам под ножот
на тој убиец,
може и мојата глава
да е во кошница.
А не и мојот нежен син,
еден поглед врз него,
само ќе го охрабри непријателот
да ја освои целата земја.
Тогаш кого да пратам?
Кого да пратам?
Сонувам?
Да, сонуваш.
И мора да се разбудиш.
Не сакам да се разбудам.
Сакам да останам тука со тебе.
И јас со тебе...
...но мора да се разбудиш, сега.
Разбуди се Вилијам.
Разбуди се!
Вилијам, разбуди се...
Вилијам!
Доаѓаат кралски пратеници,
веејќи бели знамиња
и грбот на Долгоногиот
лично!
Јас сум принцезата од Велс.
Доаѓам во името на кралот
и со негов авторитет.
Да направиш што?
Да ги дискутирам кралските
предлози.
Ќе разговарате со жена?
Разбрав дека неодамна ви била дадена
титулата на витез.
Не ми е дадено ништо.
Бог ги создава луѓето
какви што се.
Дали Бог ве создаде освојувач
на мирни градови,
егзекутор на внукот на кралот,
братучедот на маж ми?
Јорк беше главната точка
за секоја инвазија
над мојата земја.
А тој внук на кралот,
бесеше невини Шкоти,
дури и жени и деца од градските
ѕидови.
Долгоногиот се покажа
многу полошо
последниот пат, кога тој
завзеде шкотски град.
Тој е крвожеден дивјак!
Кажува лаги.
Јас никогаш не лажам!
Но да, дивјак сум.
Може и на француски,
ако сакате?
Прашајте го вашиот крал,
очи во очи.
Прашајте го!
И видете дали неговите очи
ќе ве уверат во вистината.
Хамилтон, остави не.
Миледи...
Остави не! Веднаш.
Да зборуваме отворено.
Вие ја нападнавте Англија,
но не можете
да го довршите освојувањето
на толкава далечина од вашето
засолниште и снабдување.
Кралот посакува мир.
Долгоногиот посакува мир?
Тој ми потврди, се колнам.
Предлага да го повлечете
нападот
во замена за титула, поседи
и овој ковчег злато,
кој би требало лично
да ви го предадам.
Лордство и титули?
Злато?
За да станам Јуда?
Примирја се прават на тој начин.
- Робови се прават на тој начин!
Последниот пат кога Долгоногиот
зборуваше за мир,
бев момче.
И многу шкотски
благородници,
кои не сакаа да бидат
робови,
беа примамени од него,
под знамиња за мир,
во една плевна...
каде што беа обесени.
Бев многу млад,
но се сеќавам на начинот за мир
на Долгоногиот.
Сфаќам дека сте страдале.
Знам... за вашата жена.
Таа ми беше сопруга.
Се земавме тајно,
зошто не сакав да ја делам
со англиски лорд.
Ја убија,
за да дојдат до мене.
Никогаш не сум
зборувал за ова.
Не знам зошто ви кажувам сега,
освен...
...зошто ја гледам
нејзината сила во вас.
Еден ден, ќе станете кралица
и мора да ги отворите очите.
Кажете му на вашиот крал,
дека Вилијам Волис
нема да биде владеан...
...а и ниеден Шкот,
додека јас сум жив.
Аха, верната сопруга на син ми
се враќа
жива и здрава!
Па, го прифати ли нашето мито?
- Не, не го прифати.
Тогаш зошто стои во место?
Моите шпиони ми кажаа
дека не напредува.
Ве чека во Јорк.
Кажа дека нема да напаѓа
повеќе градови,
ако сте доволно маж да дојдете
и да се соочите со него.
Навистина?
Велшките стрелци
нема да бидат забележани,
додека ги заобиколуваат
неговите крила.
Главните трупи од Франција
ќе се приземјат тука,
на север од Единбург.
Мобилизираните Ирци ќе пријдат
од југозапад...
...наваму.
Велшки стрелци? Трупи од Франција?
Мобилизирани Ирци?
Дури и да ги испратиш денеска,
ќе им требаат неколку недели
да се соберат.
Ги испратив, пред да ја
испратам жена ти.
Значи нашата мала стапица
успеа.
Ти благодарам.
И додека овој селанин
го чека ривалот во Јорк,
моите војски ќе пристигнат во Единбург,
точно зад него.
Ти зборуваше со овој...Волис,
насамо.
Кажи ми...
...каков човек е тој?
Неук дивјак.
Не крал како вас, милорде.
Можеш да се вратиш
во твоите одаи.
Се разбира, милорде.
Ги врати парите, секако?
Не. Ги поделив за помош на
измачените деца од оваа војна.
Ете што се случува
кога ќе испратиш жена!
Простете, сер.
Мислев дека таква великодушност
ќе ја покаже вашата величина
на оние со кои мислите
да владеете.
Мојата величина, ќе биде
подобро покажана,
кога Волис ќе се врати
во Шкотска
и ја најде својата земја
во пепел.
Вилијам!
Јавачи се приближуваат.
Личната придружба на принцезата.
- Да.
Сигурно си оставил впечаток.
- Да.
Не знаев дека толку долго
беше во шаторот.
Госпоѓице...
Порака од мојата господарка.
Благодарам.
Вистина е. Англиски трупи
се наближуваат од југ!
Сеуште не знам за велшките,
но Ирците пристигнаа!
Требаше со свои очи да се уверам
за да поверувам.
Што пак сега прават Ирците
на страна на Англичаните?
Не би се грижел за нив!
Нели ви кажав порано?
Тоа е мој остров.
Хамиш, тргни кон Единбург
и свикај го советот.
Нареди им!
Твој остров?
Мој остров!
Сакате да преговараме?
Не, ве молам, господа!
Лордови, Крег е во право.
Овојпат, единствена опција ни е
да преговараме.
Освен, ако сакате да го видите Единбург
срамнет со земјата.
Мојата армија патува
не знам веќе колку време,
и сеуште имаме и некои
други подготовки за правење,
затоа ќе бидам краток.
Потребен ни е секој можен војник
кој можете да го соберете,
вашите лични придружби,
дури и вие.
И тоа веднаш!
Со таква сила насочена
кон нас,
време е да дискутираме
и за други опции.
Други опции?
Не ли сакате барем да ги поведе
вашите луѓе на бојното поле
и да исценкате подобар договор
со Долгоногиот,
пред да си ги подвиете
опашките и избегате?
Сер Вилијам...
- Не можеме да ја поразиме оваа армија!
Да, можеме!
- Сер Вилијам!
И ќе ја поразиме!
Победивме кај Стирлинг...
и сеуште се пренамагате.
Победивме во Јорк
без да не поддржите.
Ако сега не станете со нас,
јас би рекол дека сте кукавици!
И ако вие сте Шкоти, јас сум засрамен
да се наречам Шкот.
Ве молам, сер Вилијам,
разговарајте со мене насамо.
Ве молам.
Вие постигнавте повеќе отколку
што било кој сонувал,
но да се изјаснам подобро,
ова изгледа како бес,
не храброст.
Тоа е многу повеќе од бес.
Помогни ми!
Во името на Бога,
помогнете си себеси!
Сега е нашата шанса, сега!
Ако се соединиме,
можеме да победиме.
Ако победиме,тогаш ќе имаме нешто
што никој од нас претходно го немал -
наша сопствена држава!
Ти си достојниот лидер.
И има сила во тебе,
ја гледам!
Обедини не!
Обедини не!
Обедини ги клановите!
Добро.
- Добро.
Ова не може да е начинот.
Кажа самиот -
благородниците нема
да го поддржат Волис.
Тогаш од каква корист е,
да застанеме на страната
на тој што пропаѓа?
Му дадов збор.
Знам дека е тешко.
Тоа, да си лидер.
Но, синко... сине...
Погледни ме!
Јас не можам
да бидам крал.
Ти и само ти можеш
да владееш со Шкотска.
Тоа што ќе ти го кажам,
мора да го сториш.
Не заради мене,
не заради себеси,
за твојата земја.
Фолкирк
Момчиња, направете пат.
Дајте да поминам.
Направете пат, момчиња.
Брус не доаѓа, Вилијам.
Ќе дојде.
Морне и Локлан дојдоа.
И Брус ќе дојде.
Каков убав собир.
Зарем не?
Стрелците се подготвени, сер.
Не стрелците.
Моите шпиони ми велат дека
нивните стрелци се милји оттука
и не претставуваат никаква
закана за нас.
Стрелите чинат пари.
Искористете ги Ирците.
Мртовците не чинат ништо.
И испратете ја пешадијата
и коњаницата.
Пешадија!
Коњаница!
Напред!
Мило ми е што те гледам
утрово.
Ирци!
Мило ми е што сте
со нас.
Видете го ова.
Морне? Локлан?
Му ја удвоив земјата на Морне
во Шкотска
и му дадов поседи во Англија.
Локлан се согласи,
за многу помалку.
Стрелци!
Простете, сер.
Но нема ли да ги погодиме
сопствените трупи?
Да...
...но ќе ги погодиме и нивните.
Имаме резерви.
Напад.
Стрелци!
Стрелци...
Стрелај!
Стрелај!
Пратете ги засилувањата.
Пратете ги останатите!
Доведете ми го Волис!
Жив, ако е возможно...
...ни мртов не е лошо.
Пратете ни вести
за нашата победа.
Ќе се повлечеме?
Заштити го кралот.
Стани! Стани!
Стани!
Извлечи го оттука!
Оди!
Умирам.
Остави ме.
Не.
Ќе живееш.
Живеев доволно долго
за да живеам слободно.
Горд сум, што гледам
каков човек стануваш.
Јас сум среќен човек.
Јас сум тој што скапува,
но ми се чини, твоето
лице е побледо од моето.
Синко...
Мора да сме во сојуз
со Англија,
за да опстанеме тука.
Ти го постигна тоа.
Го спаси твоето семејство,
си ја прошири земјата.
Со време, ќе ја имаш
сета моќ во Шкотска.
Земја, титули, луѓе,
моќ - ништо.
Ништо?
Немам ништо.
Луѓето се борат за мене,
зошто ако не се борат,
ќе ги исфрлам од имотот,
и ќе им ги изгладнам
жените и децата.
Тие луѓе, што ја обоија во црвено
земјата кај Фолкирк...
...тие се бореа за Вилијам Волис,
а тој се бори за нешто
што јас никогаш сум го немал.
И јас му го одзедов тоа,
кога го предадов,
И тоа го видов на неговото лице
на бојното поле.
И тоа ме растргнува
на парчиња!
Сите луѓе предаваат,
сите губат срце.
Не сакам да губам срце!
Сакам да верувам
... како него.
Никогаш повеќе нема да застанам
на погрешната страна.
Не!
Ене го! По него!
Лорд Крег, вистина
ли е за Морне?
Да. Волис влетал во неговата
спална соба и го убил.
Веќе никој не е
сигурен.
Не се знае кој е следниот.
Можеби ти.
Можеби јас.
Не е важно.
Сериозен сум, Роберт.
И јас!
Боже! По ѓаволите!
Претресете го местото!
Локлан!
Вилијам Волис уби
50 души.
50... иако бил
сам.
100 души... со
сопствениот меч.
Расекол низ нив, како Мојсеј
низ Црвеното море.
Легендата за него расте.
Ќе биде полошо од
порано.
Се собираат нови доброволци
во секој шкотски град.
И кога ќе ја обнови
бројката...
Овците остануваат овци!
Ќе ги растуриме,
ако удриме на овчарот!
Добро тогаш.
Соберете ги нашите најдобри убијци
и свикајте состанок.
Милорде, Волис е прочуен
по способноста да
намириса заседа.
Ако тоа што лорд Хамилтон ми го
кажа е точно,
тој се загреал за нашата
идна кралица.
Би и верувал.
Затоа ќе ја испратиме со ознака
дека доаѓа во мир.
Милорде, принцезата може да биде
земена како заложник
и нејзиниот живот може да биде
ставен во опасност.
О, мојот син би бил
многу погоден од тоа.
Но што е право,
ако биде убиена
брзо ќе го добиеме
кралот на Франција
како корисен сојузник
против Шкотите.
Гледаш? Како крал,
мора да пронајдеш добро
во секоја ситуација.
Вилијам Волис е,
сигурно.
Го спушта мечот.
Бидете подготвени.
Миледи...
Ја примив вашата порака.
Ова е вторпат, да ме
предупредите за опасност.
Зошто?
Ќе има нова пратка на
залихи
од север, наредниот месец...
храна и оружје...
Зошто ми помагате?
Зошто ми помагате?
Заради начинот на кој ме
гледате сега.
Баш кога ја изгубивме
последната надеж,
нашите благородници-спасители
пристигнаа.
Тргнете им ги... качулките.
Сер Вилијам, дојдовме да
бараме состанок.
Каква смисла има?
Вие сите му се заколнавте на
лојалност на Долгоногиот.
Заклетва кон еден лажго,
воопшто не е ни заклетва.
Секој од нас е подготвен да се
заколне на лојалност кон тебе.
Тогаш советот нека се
заколне јавно.
Не можеме. Некои скоро и
не веруваат дека си жив.
Други мислат дека ќе им платиш
како на Морне.
Затоа, да се сретнеме во
Единбург, за два дена.
Дај ни прошка и ќе се обединиме
под твое раководство.
Шкотска ќе биде едно.
Едно?
Мислите ние и вие.
Не. Мислам ова.
Заклетва од Роберт Брус.
Ти знаеш, ова е стапица.
Кажи му.
Мислам дека ако Брус
сакаше да те убие,
ќе го стореше тоа
во Фолкирк.
Да.
Знам, видов.
Остави го него настрана.
Што е со другите?
Куп копилиња и заговорници !Не можат
да се сложат ни околу бојата на гомно!
Ова е стапица! Слеп ли си?
Гледај на тоа вака:
Мора да пробаме.
Не можеме да успееме
во ова сами.
Обединувањето со благородниците
е единствената надеж за народот.
Знаеш што ќе се случи ако не
ја прифатиме оваа шанса?
Што?
Ништо.
Не сакам да станам
маченик.
Ниту пак јас!
Сакам да живеам.
Сакам дом и деца
...и спокој.
Така ли?
Да.
Му се молев на Бога
за тие нешта.
Сето тоа е за џабе,
ако немаш слобода.
Тоа е само сон,
Вилијам.
Само сон? Само...
Па тогаш, што правевме
цело ова време?
Го живеевме тој сон.
Твојот сон не е за
слободата.
За Мурон е!
Го правиш ова за да станеш херој,
зошто мислиш дека таа те гледа.
Не мислам дека ме гледа.
Знам дека ме гледа!
И твојот татко
тебе те гледа.
Исусе!
Да дојдам ли со
тебе?
Не, ќе одам сам.
Се гледаме подоцна.
Добро.
Порано отколку подоцна,
се надевам.
Нема да дојде.
- Ќе дојде.
Знам дека ќе дојде.
Милорде, тој доаѓа!
Не!
Не мешај се, Роберт!
Ме излажа! Лажеше!
Брус не смее да биде повреден!
Таков е договорот!
Татко!
Ти, лажливо копиле!
Зошто? Зошто?
Долгоногиот ја бараше
главата на Волис.
А исто и нашите
благородници.
Тоа беше цената на
твојата круна.
Умри!
Сакам да умреш!
Скоро ќе бидам мртов.
А ти, ќе бидеш крал.
Не сакам ништо од тебе!
Ти не си човек!
И не си ми татко!
Ти си ми син и отсекогаш
си го познавал мојот ум.
Ти ме измами!
Ти самиот дозволи
да бидеш измамен.
Во срцето, отсекогаш знаеше
што треба да се случи тука.
Конечно, знаеш што значи да
мразиш.
Сега си подготвен
да станеш крал.
Мојата омраза... ќе умре
... со тебе.
Вилијам Волис,
обвинет си за врховно
предавство.
Против кого?
Против твојот крал.
Имаш ли нешто да кажеш?
Никогаш во целиот
мој живот...
не сум се заколнал
на верност кон него.
Не е важно.
Тој е твој крал.
Признај и можеш да добиеш
брза смрт.
Одречи и мора да бидеш
прочистен преку болка.
Признаваш?
Признаваш ли?!
Тогаш утре, ќе го добиеш
своето прочистување.
Ваше Височество.
- Сакам да го видам затвореникот.
Имаме заповед од кралот
дека никој...
Кралот ќе биде мртов за еден месец,
а син му е слабак.
Што мислиш, кој ќе
владее со ова кралство?
Отвори ја вратата.
Ваше Височество.
Ајде, битанго, станувај!
Престани!
Остави ме сама.
Кажав остави ме!
Миледи...
Сер... дојдов да ве
замолам...
да признаете се и да му се
заколнете верност на кралот,
тогаш можеби ќе покаже
милост.
А ќе покаже ли милост
кон мојата татковина?
Милост значи да умрете
брзо,
а можеби и да живеете
во кулата...
...со време којзнае
што може да се случи...
... кога само би
останале жив.
Ако му се заколнам,
тогаш се што сум...
е веќе мртво.
Ќе умрете,
ќе биде ужасно.
Секој човек умира.
Но не и секој
вистински живее.
Испијте го ова.
Ќе ви ја ублажи болката.
Не. Ќе ми ги отапи
сетилата.
А морам да ги имам сите.
Зошто ако сум бесчувствителен
или заматен,
тогаш Долгоногиот
ќе ме скрши.
Не можам да ја трпам помислата
да ве измачуваат.
Испијте го.
Добро.
Дојдов... да молам за
животот на Вилијам Волис.
Навистина си затрескана
во него, нели?
Го почитувам.
Барем тој беше
достоен противник,
покажете милост,
голем кралу,
и добијте ја почитта
на својот народ!
Дури и сега...
не сте способен за милост.
А ти...
За тебе тој збор,
е непознат како и "љубов".
Пред да ја изгуби
способноста за говор,
ми кажа, дека единствена
утеха му е,
да доживее да го
види Волис мртов.
Гледате...
...смртта не стигнува
сите.
Но пред да ве стигне
вас,
знајте го ова...
...вашата крв умира со вас.
Дете кое не е од ваша крв,
расте во мојот стомак.
Вашиот син нема да седи долго
на престолот, ви се колнам!
Толку сум исплашен.
Дај ми сила... да умрам
достоинствено.
Еве го доаѓа!
Сега, погледни ја ужасната
цена на предавството!
Или падни на
колена веднаш,
Изјасни се за верен поданик
на кралот
и моли за неговата
милост...
...и ќе ја добиеш.
Јаже!
Растегнете го!
Така! Растегнете го!
Удобно... нели?
Дигни се на колена,
бакни го кралскиот амблем
на мојата облека
и нема да патиш повеќе.
Растргнете го!
Доволно?
Се може да заврши
сега...
...шепни...
Да. Само кажи или
извикај... "милост".
Милост!
Милост! Милост!
Извикај.
Милост! Милост!
Само кажи... "милост".
Милост! Милост!
Милост Вилијам, милост.
Исусе, кажи.
Затвореникот сака да даде
збор.
Милост! Милост!
СЛОБОДА!
После погубувањето,
телото на Вилијам Волис
беше искинато на парчиња.
Неговата глава беше поставена
на Лондонскиот мост,
неговите раце и нозе, беа пратени на
четирите страни на Британија,
како предупредување.
Го немаше ефектот,
кој Долгоногиот го планираше.
А јас... Роберт Брус,
излегов да оддадам почит
кон војските на англискиот крал.
И да го прифатам признанието
на мојата круна.
Се надевам, си го изми
задникот утрово.
Ќе биде бакнат од крал!
Ајде. Да завршиме со ова.
Застани!
Вие крваревте со Волис!
Сега крварете со мене!
Волис! Волис!
Волис! Волис!
Лето Господово, 1314,
патриотите на Шкотска,
изгладнети и малубројни,
влегоа во борба на
полињата на Банекбурн.
Се бореа како воени поети...
...се бореа како Шкоти..
...и се изборија за
својата слобода.
Превел:Ivanadaco
Преработка: КОШТАНЧЕ